Нашата среќа лежи во среќата на другите - поучна приказна
Водач на група на семинар решил да организира групна активност. Им дал на сите плави балони и им рекол со маркер да го напишат своето име.
Во втората фаза, сите од групата ги пуштиле во собата и им била зададена задача секој да си го пронајде својот балон во рок од 5 минути. Сите очајнички се обидувале да си го најдат името, судрувајќи се меѓусебно, туркајќи ги другите и создавајќи вистински хаос.
После 5 минути никој не успеал да го најде својот балон.
Потоа, секој требало да избере по еден балон и да му го даде на личноста чие име е напишано на балонот. За неколку минути секој го имал својот балон.
Водачот на групата тогаш заклучил: Ова истово се случува со нашите животи. Секој очајно трага по среќата околу себе, не знаејќи каде таа се наоѓа. Нашата среќа лежи во среќата на луѓето околу нас. Дајте им среќа на луѓето, ќе ја добиете сопствената. А ова е целта на човековиот живот.
Извор: Кафепауза
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа