ВИДЕО: Тригодишно дете се заглавило во машина за играчки

Едно тригодишно дете од Небарска ја ставило полицијата на тешка задача откако се нашло во апарат за фаќање плишани играчки.

Кога мајката испаничена го пријавила исчезнувањето на нејзиното дете, во тој момент во полицијата пристигнал повик од кугланата и било пријавено дека дете е заглавено во апаратот за играчки.

 

Полицијата го пронашла детето како безгрижно си игра во апаратот но никако не може да открие како тоа се нашло внатре, кога единствениот отвор на апаратот е само десетина сантиметри.

17.04.2014 - 10:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега