Голема полициска акција во Скопје и Куманово - се апсат најпознатите членови на подземјето

 

Полицијата вечерва спроведува голема акција за апсење на членовите на една од најпознатите групи од криминалното подземје позната како „Кумановска група“. До овој момент уапсени се 8 лица во акциите и претресите кои се случуваат во Скопје и Куманово. Според неофицијалните информации до кои дојде Press24 осомничените краделе податоци од платежни картички и ги користеле за купување во странство и дома. Кражбата на податоци се вршела и преку Интернет и физички. Според нашите информации повеќе од 10 лица настрадале од криминалните активности на оваа група. 
Се уште не е познато дали во текот на ноќта ќе има и нови приведувања и колку точно лица се осочничени како дел од оваа акција. Од МВР официјални информации најавуваат за утре

најчитано сега