Груевски: Најголемиот гигант во тутунската индустрија влегува во Прилеп

Информиран сум од моите соработници дека деновиве завршиле преговорите за усогласување на текстот на договорот за стратешко партнерство со Филип Морис и Тутунскиот комбинат Прилеп. Значи преговорите по однос на текстот на договорот се завршени, се  чека завршување на изборите, бидејќи за време на изборите законски не смееме да го потпишеме тој договор. Веднаш по изборите Тутунски комбинат ќе треба да одржи генерално собрание, да го усвои договорот и потоа да се потпише.

Ова синоќа во Прилеп го истакна премиерот Никола Груевски. - Стратешкото партнерство ќе се реализира преку формирање на ново Друштво со ограничена одговорност во кое Филип Морис Интернешнл менаџмент ќе има 51 процент капитал учество додека ТК Прилеп ќе има 49 учество во капиталот. Новоформираното друштво ќе биде одговорно за производство, дистрибуција промоција и продажба на брендовите од заедничкото портфолио на домашниот пазар, појасни Груевски и додаде дека со ова се обезбедува директен пласман на Тутунскиот комбинат Прилеп на значителни количини македонски ориентален тутун за потребите на Филип Морис. Со договорот за стратешко партнерство се обезбедуваат дополнителни средства за инвестиции, осовременување на производството и подобрување на продуктивноста на Тутунскиот комбинат Прилеп.

 Потпишувањето на договорот за стратешко партнерство меѓу Тутунскиот комбинат и Филип Морис Интернешенл ќе следи како што кажав, по неговото формално одобрување од страна на Собранието на акционери на Тутунскиот комбинат Прилеп веднаш после изборите. Траеја неколку месеци преговорите, се завршија и веднаш после иборите ќе се склучи овој договор. Значи најголемиот гигант во индустријата за производство на цигари влегува во Прилеп, подвлече Груевски пред прилепчани.

17.04.2014 - 10:09
Фото: 
МИА

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега