Ослободени руските новинари кои вчера беа приведени во Украина

 

Камерманите на Серуската државна радиотелевизиска компанија, меѓу кои специјалниот дописник Евгениј Решетнов беа ослободени  од страна на украинските војници, јави ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на соопштение на телевизијата „Русија 24“.

Новинарите беа приведени вчера во Харковската област недалеку од градот Изјум. Во составот на групата камермани биле специјалниот дописник Евгениј Решетнов, операторот Сергеј Трусков и инженерот Вадим Кливанов.

Руската амбасада испрати нота до украинското Министерство за надворешни работи со барање да биде разјаснета ситуацијата, објави телевизијата „Русија 24“.

17.04.2014 - 09:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега