Издадена потерница по поранешниот украински премиер

 

Олех Махницки, вршителот на должност јавен обвинител на Украина, изјави дека е издадена потерница по поранешниот премиер Микола Азаров, кој е обвинет за злоупотреба на службената должност.

Според него, надлежните органи започнале со утврдување на локацијата на која се наоѓа Азаров.

- По него е распишана потерница и се вршат оперативно-истражни активности, нагласи јавниот обвинител.

Азаров ја напушти премиерската функција кон крајот на јануари со образложение „да бидат создадени дополнителни услови за постигнување политички компромис во име на мирното решавање на конфликтот во Украина“.

17.04.2014 - 09:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега