Ни следи уште поголем студ - еве какво ќе биде времето деновиве

Во Македонија во среда ќе биде облачно со поинтензивни врнежи од дожд, ветровито и постудено со пад на температурите. На планините над 900 метри со врнежи од снег. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Утринските температури од -1°C до 7°C, а дневните температури ќе се движат од 2°C до 11°C.

Во Скопје во среда ќе биде облачно со врнежи од дожд, ветровито и постудено. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура од 3°C, а дневната температура ќе достигне до 8°C.

Во четврток ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и ветровито. Над 1200 метри со врнежи од снег. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од -2°C до 5°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 6°C односно до 15°C.

16.04.2014 - 21:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега