Ристески: Со домашни и странски инвестиции до нови 5.000 вработувања во Прилеп
Градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески од Отвореното студио во Прилеп пред почетокот на централниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, изјави дека во новата програма за следните четири години многу простор е посветен на економијата и отворањето на новите работни места.
На наредниот период ќе посветиме најмногу внимание на економскиот развој на градот, исправање на двата загубари, Тутунскиот комбинат и Еурокомпозит и секако уредување на а индустриските зони и слободната економска зона која е во соработка со Владата на Република Македонија. Очекуваме во наредните години 3, 4 максимум до 5.000 нови вработувања на територијата на Прилеп со привлекување на домашни и странски инвеститори, изјави Ристески.
Ристески воедно потенцираше дека Прилеп прерасна во град на фестивали, се развива фестивалскиот туризам, стана член на Европската карневалска асоцијација, потоа го спомна Пиво фест како супертуристички бренд, а сето ова се настани кои се повеќе привлекуваат туристи.
Како еден од главните проекти е изградбата на прочистителната станица и изградба на канализациони ситеми во вредност од 30 милиони евра, како и изградбата на експрес пат од Фариж до Градско кој е од големо значење за комуникацијата на градот со околните места.
Градоначалникот на Прилеп за во иднина најави реновирање на цркви и манастири, изградба на патишта до овие места, реновирање на конаците, се со цел развивање на манастирски туризам од кој очекува над 100.000 посетители годишно.
Од проектите кои се завршени или се во тек го спомна внатрешното и надворешното инфраструктурно уредување на Прилеп, потоа 10-те милиони евра инвестирани во образованието за реконструкција на основни и средни училишта, уредување на културни знаменитости, реконструкција и изградба на верски објекти.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа