Девојчето чија мајка почина во несреќата кај Битола е во стабилна состојба

Лекарите успеаа да го спасат, девојчето кое вчера беше повредено во тешката сообраќајна несреќа на патот Битола-Ресе,  и истото се наоѓа во стабилна здравствена состојба. Во инцидентот кој што се случи вчера рано попладне на патниот правец Битола - Ресен, спрот селото Братиндол загинаа нејзината мајка и помлада сестра. 

Во незгодата на лице место почина Сузана, додека нејзините две деца, шестгодишната Емануела и десет години повозрасната ќерка, како и возачот на „фордот" се стекнаа со тешки телесни повреди и беа пренесени во Клиничката болница Битола.

Вчера лекарскиот конзилиум соопшти дека и 16-годишното девојче е во животна опасност, но сега од Клиниката соопштиле дека таа е во стабилна здравствена состојба.

 

16.04.2014 - 19:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега