"Пеев и плачев додека го закопуваат татко ми" - пејач си ја отвори душата

За да стане крал на народната музика, познатиот српски пејач Шабан Шаулиќ, морал да помине трнлив пат, а за него си ја отвара душата за српскиот Ало.

- Мојот татко се занимаваше со некаква лотарија, а мајка ми продаваше играчки. Сестра ми постојано ме чуваше, а јас секогаш си пеев за своја душа, но мојот татко го препозна талентот. Така веќе на 17 години со негова помош успеах да ја снимам првата плоча, вели пејачот.

Тој открива и дека додека пеел на свадби во Австралија и Франција добивал најголеми бакшиши, особено кога си ги пеел автобиографските песни. Шабан открива и дека изненадно додека бил на турнеја во Австралија, му јавиле дека починал неговиот татко, со што му се срушил целиот свет.

- Не можев да се вратам. Се уште не можам даси простам што не бев на погребот на сопствениот татко. Пеев и плачев додека го закопуваа татко ми, вели Шабан присетувајќи се на младоста.

Денеска кга е крал на народната музика вели дека во тоа многу му помогнала сопругата и семејството.

 

 

16.04.2014 - 09:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега