Тачи: Има напредок во дијалогот со Србија
Косовскиот премиер Хашим Тачи изјави дека во денешните разговори за примена на договорот од 19 април има напредок.
- На добар пат сме кон постигнување договор и ги разгледуваме последните заклучоци на предлог планот за примена, изјави Тачи по излегувањето од зградата на Европската служба за надворешни работи.
Разговорите меѓу Белград и Приштина под покровителство на високиот претставник на ЕУ Кетрин Ештон ќе продолжат попладне.