ВИДЕО: Пендаровски нападнат во скопско Лисиче

 

Кандидтот на СДСМ, Стево Пендаровски денеска беше вербално нападнат во скопско Лисиче. Група граѓани му кажаа на кандидатот на СДСМ дека не е пожелен во нивната населба.

Пендаровски им порача на граѓаните да не комуницираат со такви луѓе. Иако рече дека сака да биде претседател на сите граѓани, тој сепак ги подели граѓаните на нивни и наши.

СДСМ го осуди инцидентот и побара МВР да го расчисти случајот.

„При посетата, претседателскиот кандидат Пендаровски беше пречекан и поддржан од голем број граѓани. ВМРО-ДПМНЕ безуспешно во паника се обидува да го оттргне вниманието од денешната прес-конференција на претседателот Заев, во којашто тој го повика премиерот Груевски да каже дали примил кеш од 1,5 милион ипол евра и затаил данок од над 225 илјади евра“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ најостро го осуди чинот на насилство врз претседателскиот кандидат на СДСМ Пендаровски.

- Ги повикуваме институците веднаш да ги најдат и казнат сторителите. Се работи за изолиран случај кој треба и мора да се казни, соопшти партијата по објавените информации за инцидентот.

15.04.2014 - 20:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега