Турција на 10. април ќе избира нов претседател

 

Турција одлучи  претседателските избори во земјата да се одржат на 10 август, а доколку ниту еден од кандидатите не биде избран во првиот круг, на 24 август ќе се одржи втор изборен процес. 

Ова се првите непосредни избори на кои граѓаните ќе го изберат претседателот на Турција, бидејќи досега шефот на државата го избираше Парламентот. Мандатот на новиот претедател ќе трае пет години.

Седумгодишниот мандат на актуелниот претседател Абдула Ѓул истекува на 28 август.

На изборите, исто така, ќе можат да гласаат и околу два милиона турските граѓани кои живеат во странство.

Кандидатите за претседател на Турција ќе бидат познати кон крајот на следниот месец.

15.04.2014 - 15:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега