Попоски: Поволни кредити за земјоделците со субвенционирани камати

Носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “За подобра Македонија” во Изборната единица 6, Никола Попоски, денеска имаше средби со жителите на Прељубиште, Шемшово, Жилче и Ратае во општина Јегуновце.

Во Прељубиште Попоски ги посети расадникот за украсни дрва “Еуро Плантс”, во кој се одгледуваат повеќе од 5 милиони украсни дрва, како и библиотеката “Светлина”, опремена со повеќе од 6.000 книги за потребите на населението од неколку околни села. Во Жилче, тој го посети основното училиште и црквата “Св. Никола”.

Пред жителите на населените места од општина Јегуновце Попоски ги промовираше проектите за поддршка на земјоделството од програмата на ВМРО-ДПМНЕ “Проверено”.

- Со проектот “Нови поволни кредити за земјоделството, преработувачката индустрија и откупот на земјоделски производи”, предвидуваме воспоставениот и функционален систем на државна поддршка за обезбедување на поволни кредити за овој сектор преку Македонската банка за поддршка на развојот да продолжи и понатаму. Имено, почнувајќи од 2014 г., ќе бидат обезбедени средства за поволни кредити со субвенционирани каматни стапки од 3 и 4 проценти на годишно ниво за примарното земјоделско производство, преработувачката индустрија и откупот на земјоделските производи како неопходна поддршка за новите инвестиции, истакна Попоски.

Тој, денеска ќе ги посети и Јанчиште, Јегуновце, Туденце и Сиричино.

15.04.2014 - 15:07
Фото: 
Региони.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа