Се пријавиле за "најтешката работа на светот" - ова е најемотивното видео

 

Ова емотивно видео ќе ве расплаче и ќе ве натера да помислите на едната и единствена личност која во животот е незаменлива... Интересен проект на маркетинг агенцијата Mullen од Бостон неодамна се појави на интернет. Агенцијата објавила лажен оглас за "најтешката работа на светот", а на огласот се пријавиле 24 кандидати кои интервјуто за работа го извеле преку видеокамера.

-се работи 24 часа на ден, 7 дена неделно, 365 дена во годината

-време за одмор и јадење нема, се јаде само кога „надлежниот“ ќе се најаде

-работата е поинтензивна за време на празниците

-за оваа работа нема плата, се работи бесплатно

-задолжителна е диплома од полето на медицината, финансии и кулинарни способности

-„плата“ е чувството дека „надлежниот“ е среќен, најаден, нанаспан и задоволен

-плата е единствено неговото здравје, среќа и добробит

Погодивте ли за која професија станува збор?

Погледнете го видеото. Гарантираме дека на крајот ќе ви требаат шамичиња за да си ги избришете солзите.

15.04.2014 - 14:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега