Нов 13-ти хороскопски знак - еве кој

Астрономот Парке Канкл вели дека констелацијата на планетите и промената на положбата на Земјата, довела до измена на системот на хороскопски знаци, пренесува „Хафингтон Пост”.

Наводно, датумите кои ги одредуваат знаковите се погрешни, бидејќи положбата на планетите и соѕвездијата, од времето на појавувањето на астрологијата до сега значително се има променето.

Бидејќи поделбата на 12 хороскопски знакови е направена од пред 3.000 години, Канкл вели дека е потребно да се земат предвид овие промени и во системот да се вброи тринаесеттиот знак- Змијоносец (Ophiuchus).

Астрономи од Минестота, велат дека со израмнување на ѕвездите поради гравитациското влијание на Месечината на вртењето на Земјата околу нејзината оска, ќе дојде до прескокнување на еден месец во хороскопот. Така на пример Рибите повеќе нема да бидат Риби, туку Водолија.

Заради забрзувањето на прецесијата на еквионација, спори и постојани промени во движењето на оската на ротација или орбиталното движење на астрономските тела, сликата на небото се помрднала за 10 степени. Затоа повеќето луѓе родени како Лавови повеќе не се Лавови, туку Ракови.

Според астролозите нема веќе да бидат храбри и родени водачи, туку многу чувствителни. -Откога постои астрологијата, луѓето знаеле дека има проблем со тој систем. Древните Вавилонци има 13 хороскопски знаци, па едноставно го исфрлиле Змијоносецот. Вагата на пример не постоела до времето на Јулие Цезар.

Воведувањето на новиот знак го менува целиот систем. Проверете одново кој знак сте.

Јарец: 20 јануари- 16 февруари
Водолија: 16 февруари- 11 март
Риби: 11 март- 18 април
Овен: 18 април- 13 мај
Бик: 13 мај- 21 јуни
Близнаци: 21 јуни- 20 јули
Рак: 20 јули- 10 август
Лав: 10 август- 16 септември
Девица: 16 септември- 30 октомври
Вага: 30 октомври- 23 ноември
Скорпија: 23 ноември- 29 ноември
Змијоносец: 29 ноември- 17 декември
Стрелец: 17 декември- 20 јануари

Извор: Курир

15.04.2014 - 14:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега