„Не ми пречи што повеќе немам природни гради“ - Анастасија го победи ракот на дојката
Американската пејачка Анастасија неодамна го победи ракот на дојката, поради што морала да направи двојна мастектомија. Исто така изјавила дека воопшто не и пречи што нема повеќе природни гради.
- Сега имам прекрасни инпланти. Конечно можам да носам тенки прерамки. Искрено воопшто не ми пречи што повеќе немам природни гради, изјави пејачката и додаде дека била подготвена да го стори тоа.
Таа вели дека не сакала уште еднаш го ризикувам своето здравје и се решила на овој потфат, бидејќи тоа е најдобро за неа.
15.04.2014 - 11:23
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа