„Мајка ми прво ми го пресече гркланот, а потоа сакаше да ме пече во рерна“ - потресна исповед

 

Потресна исповед која ќе ве растажи. 27-годишната Сузан Бирч од Квинсленд кога имала само 2 засекогаш ќе ја памети таа сабота која нејзиниот живот започнал сосема вообичаено. 

- Мојот татко гледаше крикет на телевизија, а мојата мајка ги переше ножевите во кујната, не ни сонував дека еден од нив ќе биде употребен на мене. Кога останавме сами, мајка ми ми облече чисти пижами и ме седна на кујнскиот плакар прекриен со јахнешка кожа. Со еден потег ми го пресече вратот, оштетувајќи го душникот и гласните жици. 

Според библиската приказна во која Аврам го пали својот син Исак, и мајката на Сузан  сакала да го направи истото.

- "Гласовите во главата на Линда зборувале дека тоа е жртва која мора да се принесе. Во тој момент и се вратил разумот и сфатила дека прави нешто погрешно, па се јавила во полиција. Кога пристигнав дома, полицајците ме известија дека мојата сопруга и' го пресекла грлото на нашата ќерка", открил за Дејли Маил Џон Ендру, кој подоцна дознал дека неговата ќерка боледува од шизофренија

Лекарите од Бризбејн ја подложиле Сузан на трахеостомија, овозможувајќи и да дише со помош на цевки прикачени за дишникот. Почнала да се опоравува, но шансите повторно да проговори биле многу мали. Сепак, по една година, Сузан почнала да зборува со својот татко, а нејзината мајка била ослободена од психијатриската установа.

"Додека растев не зборував многу за инцидентот. Кога имав 13 години, моите родители се разведоа и одлучив да проговорам. Долго се чувствував виновна што не и помогнав на мојата болна мајка, но потоа сфатив дека е најважно да се грижам за себе", вели Австралијката која во 2007. година престанала да се гледа со својата мајка.

И покрај се Сузана Бирч денес е писателка, и е среќно омажена , и има 2 деца.

15.04.2014 - 10:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега