Албанија се запозна со инвестициските потенцијали на Македонија

 

Денеска директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Висар Фида, ги претстави можностите за инвестирање во земјава и извозните потенцијали на Македонија на „Македонско-албанскиот бизнис и инвестициски Форум“ во Тирана, Албанија.

Во својата презентација, директорот Фида детално ги претстави секторите во кои постои можност и одлични услови за инвестирање во земјата, но и големите извозни потенцијали на Македонија.

На форумот свое обраќање имаа и амбасадорот на Македонија во Албанија, Веле Трпевски, директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот на Македонија, Јордан Трајков како и министерот за економија на Албанија, Флорјон Мима и директорката на Агенцијата за  развој и инвестиции  на Албанија, Енеида Гуриа.

ФОТО: Макфакс

најчитано сега