Го уапсиле затоа што бил „предобар во кревет“
Италјанецот Ромео Артемио Лори е осуден на шест месеци затворска казна поради прегласно водење љубов, за што 12 соседи се пожалиле во полиција.
Овој 42-годишен љубовник во суд изјавил дека го казнуваат затоа што е „предобар во кревет“. Соседите, пак, изјавиле дека Ромео ги тероризирал со неговите сексуални сеанси, кои траеле со часови.
Судијата смета дека жалбите на соседите се навистина сериозни, а Ромео планира да се жали на изречената казна.
15.04.2014 - 09:58
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа