"И ги скршил сите ребра, станот пливал во крв" - детали за убиството на манекенката Червенко

Монструмот Даријан Мишиќ кој ладнокрвно ја уби манекенката Владислава Червенко поради љубомора, синоќа повторно седна на обвинителната клупа и ладнокрвно без око да му трепне слушаше што говорат лекарите и вештаците за грозоморното убиство кое се случи во станот на манекенката во 2012 година.

- Даријан брутално јапретепал Владислава, па телото и го завиткал во завои. Завоите буквално пливале во крв, а најверојатно ги ставил на нејзиното тело за да ја влече по станот, велат вештаците.

Според зборовите на лекарите, на телото на Владислава биле нанесени 53 удари, а таа умрела во тешки болки и агонија. На скала од 1 до 10 трпела огромни болки додека монструмот ја удирал со раце, нозе, глава...и буквално и го скршил секое ребро на телото.

За целото време додека сите во судницата гледале со неверување, Даријан мртов ладен слушал што се зборува за убиството кое го изврши.

15.04.2014 - 09:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа