Иванов денеска во Валандово и Гевгелија

Политичките партии ја продолжуваат кампањата за предвремените парламентарни избори и за вториот круг од претседателските избори закажани за 27 април. Во вториот круг од изборите за шеф на државата противкандидати се Ѓорге Иванов, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и Стево Пендаровски, од СДСМ.

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Иванов денеска митинзи ќе одржат во Валандово и Гевгелија, а средби со граѓаните на Конче, Богданци и Дојран, додека кандидатите за пратеници на ДУИ ќе имаат средби со граѓаните во Брвеница и во Желино.

Претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски и носителот на листа во ИЕ 3 Штеријо Николов ќе имаат средби со граѓаните на општина Чешиново-Облешево, Караорман, село Шашаварлија и во Свети Николско. 

15.04.2014 - 09:16
Фото: 
евести

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега