Време: Услови за пороен дожд и грмежи
Времето во Македонија утре претпладне ќе биде топло и сончево со мала облачност. Од пладневните часови, прво во северните делови од земјата, ќе се зголеми облачноста, а веќе во попладне насекаде ќе биде облачно и ќе дува северозападен ветер. Насекаде ќе има и повремени врнежи и пороен дожд. Во јужните делови од земјата ќе има и појава на нестабилност со грмежи.
Утринската температура ќе се движи од еден до седум, а дневната од 16 до 22 степени.
Во Скопје претпладне времето ќе биде сончево, во пладневните часови облачно, а попладне со повремен пороен дожд. Повремено ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе достигне до 17 степени.
Во следните денови особено ќе се спуштаат дневните температури, така што во среда максималните температури ќе бидат и за осум до 10 степени пониски од претходниот ден и ќе бидат во интервал од шест до 13 степени. Во среда врнежите на повисоките места и на планините повремено ќе бидат од снег
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа