Премиерот им воведува посебен данок на политичарите

Идниот премиер на Република Србија, Александар Вучиќ нјави дека неговата нова влада ќе воведе дополнителен данок за највисоките државни функционери.
Тој денеска истакна дека сите функционери ќе бидат оданочени, без разлика на која позиција се наоѓаат.

„Не може може на држвните функционери реално од платите да им се одзема помалку отколку на наставниците или на лекарите“ - рече Вучиќ во изјава што ја пренесе српски Блиц.

 

По најаувањето на новите мерки, Србија го укинува солидарниот данок кој се плаќаше до сега и воведува линеарно намалување на платите за сите во државната администрација. Вучиќ тоа го објасни со приемер. Тој рече дека еден министер со плата од 130.000 динари плаќал солидарен данок од 15.500 динари. Укинувањето на данокот за него и линеарното намалување на платите за 10% истиот министер сега бил загубил 13.000 динари, што според Вучиќ е непраедна ситуација.

„За да се исправи оваа неправда, се подготвува посебна мерка со која сите државни функционери ќе бидат посебно оданочувани и ќе плаќаат повеќе од обичните работници во јавниот сектор. Не може реално на еден функционер од платата да му се одземе помалку отколку на еден лекар ил инаставник“ - рече Вучиќ

14.04.2014 - 21:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега