Верверичка направи штета од 300.000 долари - еве зошто

 

 

Дека дури и малите животни може да предизвикаат голема штета, покажа една верверичка во градот Форт Вејн во американската сојузна држава Индијана.

Имено, верверичката предизвикала електричен удар во еден јавен објект во Форт Вејн, причинувајќи штета од околу 300.000 американски долари.

„Газет оф Индијана“ објави дека верверичката влегла во делот каде што минува електричната инсталација во домот „Мекмилан“ и предизвикала куса врска што довело до оштетување од големи размери на новиот комбиниран систем за греење, вентилација и климатизација и ја уништла котларницата во објектот.

Вкупните трошоци за поправка на штетите се проценети на околу 300.000 долари.

Верверичката, за жал, не го преживеала инцидентот. 

14.04.2014 - 16:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега