„Храбри луѓе, сложна земја“ - ГРОМ ја промовираше програмата за парламентарните избори
Граѓанска опција за Македонија (ГРОМ) денеска ја промовираше програмата „Храбри луѓе, сложна земја“ за претстојните парламентарни избори.
Како што истакна лидерот на коалицијата Стевчо Јакимовски, програмата е пишувана од граѓаните и ја сочинуваат проекти кои тие ги предложиле. Најголем простор е отстапен на функционалната демократија, поттикнувањето на претприемништвото, особено на малото и средното стопанство, поголемата достапност до квалитетни финансиски средства, поддршката за земјоделците и даночните олеснувања.
- Програмата опфаќа видувања и за поддршка на социјално загрозените семејства од сите категории без разлика дали се работи за лица со посебни потреби, лица кои користат постојана парична помош или нега од друго лице, инвалиди, деца без родители,... образложи Јакимовски.
На претстојните парламентрани избори Јакимовски очекува ГРОМ да оствари резултат кој ќе и овозможи пратеници во Собранието на Република Македонија.
Одговарајќи на новинарски прашања, лидерот на ГРОМ рече дека партијата еднакво ќе се ангажира во сите шест изборни единици зашто тоа го очекуваат граѓаните, но тоа е дел и од политиката на ГРОМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа