„Да те волим, мало је речи“ - запросување кое ќе се памети

Уште едно запросување кое долго ќе се памети. 20- годишната Сара Гаровиќ го запросила своето момче 21- годишниот Милан Шошиќ на оригинален начин. На фудбалски натпревар каде играл токму Милан неговата љубена присуствувала и го бодрела.

Таа била покрај клупата за резерви, додека останатите играчи биле во маици со натпис „Да те волим, мало је речи“ .

За да биде се уште позабавно Милан не знаел што неговата девојка тајно планира и кога Сара клекнала пред него и му го подала вереничкиот прстен тој го кажа судбоносното “Да”при што следел громогласен аплауз.

14.04.2014 - 10:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега