Нови детали од убиството на поранешниот телохранител на Аркан

Трагите пронајдени на три места водат до убиецот на поранешниот телохранител на Жељко Ражљатовиќ Аркан пренесува  српски „Блиц“.

Во текот на истрагата за убиството на Раде Ракоњац биле пронајдени ДНК траги на чаурите испукани пред кафичот „Марики“, на јанката на сопственикот на украдениот „алфа ромео“ и на церадата на возилото од кое убијците ги украле табличките.

„ДНК трагите се на вештачење во Националниот криминалистичко- технички центар во Министерството за внатрешни работи. Очекуваме резултати кои ќе можат брзо да доведат утврдување на идентитетот на убиецот“, рекол соговорник на „Блиц“.

Како што се наведува убиството на Ракоњац, кое се случи на втори април е изведено во класичен мафијашки стил, но убиецот, судејќи по досега собраните докази, не биле целосно професионални.

Убијците освен своја ДНК зад себе оставиле и видео снимка од злосторството, но и снимка од палењето на автомобилот со кој што се возеле, како и телефонските разговори кои што се водени преку специјални броеви, кои што се откриени со прегледот на базните станици.

13.04.2014 - 22:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега