Милошоски: Не очекува многу работа за уште една победа

Кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓе Иванов е во водство од над 20.000 гласови во петтата изборна единица.  Победивме убедливо во Кичево, Охрид, Ресен, Струга, Крушево, Демир Хисар. Битола победи заедно со претседателот Иванов, изјави вечерва Антонио Милошоски носител на листата во 5 изборна единица за парламентарните избори.

- Сметам дека овој прв изборен круг е само навестување дека во вториот изборен круг и парламентарните избори, ние ќе добиеме 11 пратеници од петтата изборна единица во македонското Собрание. Од утре не очекува многу работа за уште една победа на 27 април, за подобра и напредна Македонија, изјави Милошоски.

13.04.2014 - 22:23
Фото: 
макденес

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега