МВР: Убедливо најмирни избори досега

 

Точно во 19 часот беа затворени сите избирачки места во Република Македонија и со тоа се заврши процесот на гласање и отпочна последната фаза од планот за обезбедување на изборниот процес односно обезбедување на избирачкиот материјал при доставување до општинските изборни комисии а подоцна и до Државната изборна комисија, велат од МВР.

Од МВР велат дека гласачкиот ден поминал без сериозни инциденти и нарушувања на јавниот ред и мир.

-Полицијата во текот на изборниот ден генерално доби најмал број поплаки и барања за интервенција. Овие избори споредбено со претходните избирачки циклуси врз основа на евидентираните или пријавени неправилности од аспект на надлежностите на МВР се убедливо најмирните досега, стои во соопштението од МВР.

Според податоците на оперативниот штаб при МВР кој во континуитет ги следеше состојбите на теренот, избирачкиот процес се одвиваше во мирна, фер и демократска атмосфера.

13.04.2014 - 20:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега