Тачи задоволен: Овие гласови за две недели ќе се проточат во 13 до 14 пратеници

Првиот човек на ДПА, Мендух Тачи вели дека е задоволен од резултатот што го постигна нивниот кандидат за претседател, Илјаз Халими на денешните претседателски избори.

- Јас сум многу задоволен од овој резултат. Сега трката на ДПА беше со неколку кила песок во нозе. Очекувам и убден сум оти после две недели кога ќе трчаме во финале овие гласови ќе се преточат во 13 и 14 пратеници. Убеден сум во таа победа на ДПА на парламентарните избори и мислам дека тоа ќе биде најдоброто нешто што се случило во Македонија, рече Тачи на денешната прес-конференција.

Според информациите на ДПА, 15 посто од Албанците гласаа за македонски кандидат. Од нив 10 отсто за Пендаровски и 5 посто за Иванов.

- Во одредени места каде на гласање излегле нула посто луѓе тоа на ништо друго не личи само на диктатура. Секој што аплаудира на диктатура, таа диктатура после си тргнува кон неговата глава, нагласи Тачи.

13.04.2014 - 20:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега