Груевски: Задоволен сум што изборите течат во фер и демократска атмосфера

 

Денеска го остварив моето гласачко право. Задоволен сум што досега до 15 часот изборите се одвиваат во фер и демократска атмосфера и нема никакви посериозни нарушувања на изборниот циклус.

Oва денеска изјави македонскиот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски откако гласаше во училиштето „Кузман Јосифовски Питу“ во скопската населба Кисела Вода.

- Се надевам дека така ќе остане и до крајот на денот и оти граѓаните ќе си го кажат своето мислење и ќе гласаат за тој што сметаат дека е подобар за Република Македонија за наредните пет години да биде претседател на државата, рече Груевски. 

13.04.2014 - 19:07
Фото: 
МИА

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа