Погледнете колкава е излезеноста до 17 часот низ македонските општини

 

Според последните податоци на Општинските изборни комисии, излезеноста во Охрид до 17 часот изнесува 50%. 

Во Вевчани на гласање излегле 65% од гласачите, во Тетово - 20,47%, ГОстивар - 18,8 %, Прилеп - 57%, Штип - 56%, Крушево - 54,2%, Струмица - 52,6%, Босилево - 42%, Кривогаштани - 64%, Василево - 49%, Долнени - 28,7%,  Ново Село - 43Ж%, Валандово - 65%, Радовиш - 46% и Конче - 65%. Во Дојран, до 17 часот на гласање излегле 56,23% од граѓаните кои имаат право на глас.

Во секој момент се очекува Државната изборна комисија да одржи прес-конференција на која ќе ги претстави официјалните податоци за излезеноста.

 

13.04.2014 - 17:50
Фото: 
Република

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега