Дознајте кој партнер по ред е идеалниот

Добро ни е познато дека сексот игра голема улога во изборот на животниот сопатник. Научници од универзитетот во Калифорнија се обиделе да направат врска помеѓу сексуалните партнери и животните сопатници за да утврдат кој е иделаниот.

Повеќе од ¼ од испитаниците се изјасниле дека петиот партнер по ред го доживеале како сродна душа и дека тој е оној со кој тие сакаат да го поминат животот. Тие сметаат дека првите четворица се “мерило” за изнаоѓање сродна душа, за да научат да уживаат во сексот и да осознаат што најмногу им одговара.

Но, имало и други примери, петмина од припадниците на посилниот пол изјавиле дека првата партнерка е љубовта на нивниот живот и дека таа би била идеална за да им биде животна сопатничка. Но, кога биле млади биле неискусни за тоа да го препознаат.  Додека мажите сметаат дека сексот има пресудна улога, жените бараат партнер со кого ќе се чувствуваат заштитено и сигурно.

13.04.2014 - 11:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега