Што се случува утрово во Бутел, Чаир и Шуто Оризари?

 

Без проблеми тече гласањето во скопските општини Бутел, Чаир и Шуто Оризари.

Според информациите од терен, гласањето во Општина Чаир започнало навреме и точно во 7 часот биле отворени гласачките места во ОУ „Ацо Шопов“. Веќе во 7:05 часот на гласање се појавиле првите гласачи. Сепак, во Чаир до 9 часот е забележан помал  одзив на граѓаните.

Гласањето почнало навреме и во Шуто Оризари, каде не се забележани никакви неправилности и проблеми. 

 

 

13.04.2014 - 10:42
Фото: 
Инпрес

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа