Мирна и демократска атмосфера низ цела Македонија

Мирна и демократска атмосфера на петтите претседателски избори во Република Македонија.

Според досегашните информации, гласањето тече мирно во сите 3.480 избирачки места во земјата. ПРаво на глас имаат 1.779.572 избирачи, кои можат да гласаат за четворица претседателски кандидати. Гласачките места беа  отворени во 7:00, а ќе бидат затворени во 19:00 часот.

За претседател ќе биде избран кандидатот кој на првиот круг од изборите односно денеска ќе освои мнозинство гласови од вкупниот број евидентирани гласачи. Ако никој не го добие потребното мнозинство, по 14 дена, на 27 април, ќе се организира втор круг во кој одат двајцата кандидати кои добиле најмногу гласови. Ќе победи тој што ќе освои повеќе гласови под услов на гласање да излезат најмалку 40 проценти од вкупното избирачко тело.

Досега се одржани четири избори за претседател на Република Македонија во 1994, 1999, 2004 и 2009 година.

 

13.04.2014 - 10:39
Фото: 
Сител

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега