На овој број бесплатно пријавете повреда на избирачкото право

 

Во канцеларијата на Народниот правобранител денеска на првиот круг од претседателските избори, во периодот од 7 до 19 часот ќе функционира бесплатната телефонска линија 0800-54321 на која граѓаните ќе можат да пријават повреда на избирачкото право.

Сите седум канцеларии на Народниот правобранител во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип денеска за време на претседателските избори ќе бидатотворени за граѓаните, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права. Граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се јават и на телефонските броеви: Тетово 044 344-082, Струмица 034 329- 996, Кичево 045 228-586, Битола 047 242-310, Штип 032 389-701 и Куманово 031 431-488.

Народниот правобранител, правата на граѓаните ќе ги штити со преземање на итни мерки за ефективно постапување од страна на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права.

Во соопштението на народниот правобранител стои дека избирачкото право е уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање. Никој не смее, се наведува во соопштението, да биде повикан на одговорност заради остварување на ова право, поради што не случајно повредата на слободата на определувањето на избирачите како и други повреди на избирачкото право се казниви дела.

13.04.2014 - 08:10
Фото: 
Скопјеинфо

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега