ВНИМАВАЈТЕ: Опасна боја за јајца се продава во Македонија!
Граѓаните да не купуваат рефус бои за јајца туку да ги користат оние кои имаат амбалажа и на кои стои упатство за користење, апелираат од Дирекцијата за храна и ветеринарство.
Како што пренесува Вест, опасноста демне оттаму што во боите на лажичка наместо прехранбени бои за јајца, може да се најдат соединенија за бојадисување кожа или облека. Ваквите трик-трговски миксови што се прават за да фати бојата повеќе, одат дотаму што во некои црвени бои се ронат ќерамиди за да се засили дејството на бојата.
Боите за вапсување велигденски јајца кои се продаваат рефус, односно се мерат на лажиче се набавуваат од земјите во соседството, најчесто од Србија и од Бугарија, а се претпоставува дека тие не се бои за храна туку се текстилни бои.
Нивниот квалитет е неиспитан, несигурен и, бидејќи не се заштитени со соодветна амбалажа, лесно можат да станат штетни за употреба.
Овие бои можат да бидат опасни за здравјето, предупредуваат докторите, доколу се стават на веќе оштетени лушпи од јајцето. Тогаш токсичните метали кои ги има во боите, можат да навлезат дури и во жолчката на јајцето.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа