ВНИМАВАЈТЕ: Се продава опасна боја за јајца

Граѓаните да не купуваат рефус бои за јајца, туку да ги користат оние со амбалажа, на кои има упатство за користење, предупредуваат од Дирекцијата за храна и ветеринарство.

Како што пишува Вест, опасноста поттекнува од тоа што во боите коисе продаваат на лажичка, наместо прехранбени бои за јајца, може да се најдат соеединенија за бојадисување кожа или облека.Овие трик-трговски миксови се прават за бојата повеќе да фати. Според Вест, некои црвени бои содржат ронети ќерамиди.

Боите за вапсување јајца кои се продаваат рефус, се набавуваат од земјите во соседството. Се претпоставува дека тие всушност се текстилни бои. Нивниот квалитет не е испитан и бидејќи не се заштитени со соодветна амбачажа, лесно може да станат штетни за употреба. 

Докторите предупредуваат дека овие бои може да бидат опасни по здравјето доколку се стават на веќе оштетени лушпи од јајцето. Во ваков случај, токсичните метали кои ги содржат боите можат да навлезат дури и во жолчката на јајцето.

 

 

12.04.2014 - 16:04
Фото: 
Хитпортал

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега