Што се случува викендов во Капитол Мол?

По повод претстојните велигденски празници, денеска и утре во Капитол мол во соработка со здружението МАТА ќе се одржат креативни работилници, на кои ќе се изработат уникатни уметнички предмети. 

Посетителите ќе бидат водени од тројца стручни модератори, и ќе изработуваат велигденски честитки и лампиони во форма на јајца, зајчиња од рециклиран матерјал, украсни филцани сапуни и сл. Тие со специјални бои ќе сликаат велигденски мотиви на керамички садови и дрвени украсни фигури.

Целта на овие активности во Капитол мол е да се потикнуваат и поддржуваат креативните вредности, а граѓаните покрај шопинг, да може да поминуваат и квалитетно слободното време во молот. 

Креативните велигденски работилници, ќе се одржуваат во текот на овој викенд, а изработените предмети ќе се откупуваат.

12.04.2014 - 14:35
Фото: 
Курир

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега