ВИДЕО: Со овој ангелски глас го освои жирито

14 годишната Селма Томиќ го освои жирито на третата емисија на германската верзија на шоуто „The Voice Kids".

Таа на аудицијата ја испее песната „River" на Емели Санде и си обезбеди понатамошен настап во шоуто.

Менторство и понудија двајца од судиите, а таа ја избра Лена Мејер - Лендрут, поранешна претставничка на Германија на Евровизија, која дури и успеа да се расплаче.

Германските медиуми, воодушевени од талентот на девојчето, постојано пишуваат за Селма, нарекувајќи ја „новата Лена“.

- Лена за Селма рече дека е комплетна личност. Убаво, мило дете со кое може лесно да се работи.

- Многу сум горд на нејзините досегашни успеси. Селма е предодредена за музика. Како мала почна прво да пее, па потоа да зборува. Многу е талентирана и е добар ученик, изјави нејзиниот татко Џенад за сараевскиот весник „Аваз“.

Џенад Тотиќ потекнува од српскиот град Пријепоље, а неговата сопруга и мајка на Селма од Босански Брод во БиХ.

12.04.2014 - 11:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега