Отворена седница на ДИК
Државната изборна комисија денеска ќе одржи отворена седница.
ДИК ќе расправа за барањата за акредитација на набљудувачи за изборите за претседател на Република Македонија на 13 април 2014 година и за предвремените парламентарни избори за пратеници во Собранието на Република Македонија на 27 април 2014 година.
На седницата ќе бидат разгледани и поднесените барања на неколку партии, во врска со членот 49 од Изборниот законик.
12.04.2014 - 10:49
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа