Барате работа? Шеик од Дубаи бара 100 девојки да му помагаат за шопинг
Шеик од Дубаи бара армија од млади жени", кои би биле со него и би му помагале при патувања по Европа, пред се, при одбирање облека.
Кандидатките мора да бидат на возраст меѓу 18 и 28 години, да бидат елегантни, да зборуваат англиски, како и главниот адут - да се разбираат во мода.
Познавањето француски и арапски јазик е плус за оние што ќе се пријават на конкурсот.
Шеикот плаќа по 100 долари дневно за работата на една кандидатка.
Тој се обратил до Мауро Белкар, сопственик на италијанска модна куќа и агенција за кастинг, објави Фигаро.
Шеикот има намера да шопингува" во Париз, Лондон, Милано, Ибица... Стотина жени, наводно, веќе се пријавиле. Шеесет од нив го поминале изборот, а досега одбрал само две. Остануваат отворени 58 работни места со ограничено времетраење.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа