ВОЗНМИРУВАЧКО ФОТО: Се лекувал од рак со „црна маст“ - има дупка на слепоочницата!
Со „црна маст“ лекувал рак на кожа, му останала дупка од 2,5 сантиметри над слепоочницата. 55 годишен Австралиец 4 месеци се потпирал на алтернативната медицина, се додека не добил грозен белег на лицето.
Во болницата во Бризбејн дошол со 2,5 сантиметри голема дупка на слепоочницата, а на лекарите им кажал дека употребувал „црна маст".
Станува збор за маст направена од билката „крвав корен" (sanguinarina canadensis), која често се меша со цинк хлорид. Двете супстанци комбинирано имаат корозивно дејство.
Ваква маст најчесто се користи за лекување на младежи и лузни, а поретко и за рак на кожата, делува така што го уништува кожното ткиво оставајќи црн белег, кој подоцна отпаѓа.
Во минатото „црната маст" била многу популарна во третманот на кожните лезии предизвикани од рак, но во 2004-тата година американската ФДА ја прогласила за лажен лек за рак и ја забранила.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа