Лавров: Западот не знае како понатаму да соработува со Русија
Западните земји се полни со противречности во врска со натамошната соработка со Русија, изјави денеска шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, истакнувајќи и дека врз основа на сите потези на Вашингтон во врска со украинската криза, „видливо дека САД се вознемирени со можната поголема самостојност на Европа“.
- Веќе сега врз основа на многу знаци се гледа дека нашите западни партнери се полни со противречности. Тие ја гледаат нашата прилично мирна реакција, не успеаја да не извадат од такт со санкциите кои во значителна мера ги надминуваа рамките на елементарната човекова пристојност, и затоа сакаат веројатно да продолжат да не иритираат надевајќи се дека ќе не избезумат, рече Лавров.
- Паралелно, меѓутоа, сфаќаат дека сепак без нас ќе биде многу тешко решавањето на многу прашања, рече шефот на руската дипломатија.
Западот, според него, ја пропуштил историската можност за обединување на евроатлантскиот простор, вклучувајќи ја Евроазија, по распадот на СССР и укинувањето на Варшавскиот пакт.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа