Каде отиде светот - две девојчиња планирале масакр на целото семејство
Две 13 годишни девојчиња од Франција, се обвинети за обид за убиство, бидејќи планирале да ги убијат сите членови од семејството на едната од днив, почнувајќи од шестгодишниот брат.
Обвинителот од градот Нарбон Давид Шармац вели дека до сега не слушнал ниту видел вакво нешто.
-Ова е првпат моите колиги и јас да имаме случај две толку мали девојчиња да планираат убиство – рече Обвинителот.
Девојчињата живееле во село недалеку од градот Нарбон на југот на Франција. Тие се уапсени на 28 март, откако со нож го нападнале 6-годишниот брат на едната од нив.
Момчето се уште е во болница. Тоа се здобило со повреди на вратот, но неговата здравствена состојба е добра.
Полицијата и обвинителството соопштија дека девојчињата планирале да го убијат детето и родителите на едната од нив. Двете се обвинети за обид за убиство.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа