Милошоски најави 30 нови странски инвестиции во Битола
ВМРО-ДПМНЕ остварува и во Битола и секаде во Република Македонија покажа дека е првата Влада која што носи и привлекува странски инвестиции и со тоа отвора нови работни места.
Ова денеска во индустриската зона „Жабени“ го изјави Антонио Милошоски, кој е носител на листата на ВМРО-ДПМНЕ во Петтата изборна единица.
Тој пред фабриката на „Кромберг и Шуберт“ додаде дека станува збор за странска инвестиција за која што пратениците од СДСМ до пред две-три години кажуваа дека на тоа место нема ниту колиба да може да успее.
- Вчера имавме уште една потврда од германска компанија која што ќе инвестира во Охрид, а во следниве четири години нашата обврска - моја, на пратениците, на градоначалникот од Битола е да донесеме дополнителни странски инвестиции од оние коишто Владата ги вети – 30 нови странски инвестиции за четири години. На тој начин ќе ја зголемиме вработеноста, конкуренцијата и ќе живне стопанството во битолскиот крај, порача Милошоски по посетата на „Жабени“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа