Јанкулоска: Проверивме - има лоша координација меѓу СДСМ и нивните НВО

 

МВР направи проверки за да види дали има каква било аргументација во прилог на нивното тврдење. Проверките покажаа дека овој пат очигледно се работи за лоша координација меѓу СДСМ и невладините организации кои обработуваат за нив на овие избори, рече министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска одговарајќи на новинарско прашање во врска со обвинувањата од опозицијата за регистрирани гласачи на непостоечки адреси во општина Кисела Вода.

- Проверките покажаа дека сите лица на посочената адреса имаат документи издадено документи на оваа адреса многу одамна. Дел од нив се во периодот 2003 година, потоа 1998, 1997, 1996, 1994, 1978 година, потоа во осумдесетите година. Евидентно е дека СДСМ некоја претходна ситуација, во времето кога тие управувале со институциите, се обидоа да ја стават во функција на овие избори, меѓутоа има една неуспешна координација со луѓето кои тие ги контролираат, а се претставуваат како претставници на НВО, истакна Jанкулоска.

Јанкулоска објасни дека законот вели оти во случај на обнова на документ граѓаните не се должни да доставуваат нова документација, туку обновата се прави врз основа на стариот истечен или оштетен документ.

- Евидентно е дека оваа состојба СДСМ во 90-те години, па и подоцна кога биле на власт ја употребувале за некои само нив познати цели, но не им успеа обидот на овие избори да ја стават во функција на дискредитација на изборниот процес, затоа што очигледно е дека не се работи за нешто што е надвор од вообичаената законска процедура. Напротив, се потврдвуа од сите извршени проверки дека МВР постапува максимално професионално при обновата на документите, рече Јанкулоска. 

11.04.2014 - 12:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега