Кучето и било пред умирање па го клонирала

 

Британката Ребека се пријавила на конкурсот објавен од јужнокорејската компанија за клонирање на кученца каде успеала да победи и сега е горда на своето клонирано кученце.

 

Мини Вини на свет беше донесен на 30 март со царски рез во лабароторијата на компанијата Sooam Biotechза клонирање. При раѓањето имал само половина килограм.

29- годишната сопственичка Ребека Смит од Велика Британија вели дека кученцето се уште не гледа и не слуша туку само ползи наоколу и пие млеко во шише.

Мојата Вини има 12 години и веќе е стара и изнемоштена, свесна сум дека нема да живее вечно. Случајно налетав на огласот за клонирање и се пријавив за натпреварот па имав среќа и да победам на него а главната награда беше 60.000 фунти изјави Ребека

Оваа компанија досега клонирала повеќе од 500 кученца, а сега се обидува да го прошири својот бизнис ширум светот.

 

 

 

 

10.04.2014 - 14:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа