Македонските фудбалери напредуваа за две места на ФИФА листата

Нашата најдобра фудбалска репрезентација скокна за две позиции на најновата ФИФА ранг листа. 

Македонија со досегашниоте 443 поени се најде на 80 позиција, а до нас се селекциите на Израел, Хаити, Оман и Јамајка. 

Лидери на оваа листа и понатаму е загарантирана за актуелниот светски и европски шампион, репрезентација на Шпанија со која ќе го отвориме новиот квалификациски циклус за престојното ЕП во Франција.

Кога се во прашање останатите ривали од нашата група, Украина е на 17 позиција, а Словачка се наоѓа на 43. позиција.

Зад Македонија на листата се Белорусија на 83. позиција и Луксембурхг, кој е на 112 место.

Освен “црвената фурија”, во Топ 10 се и репрезентациите на Германија, Португалија, Колумбија, Уругвај, Аргентина, Бразил, Швајцарија, Италија и Грција.

10.04.2014 - 13:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега